Таа има 107 години – и вели дека само вака ќе бидете посреќни и поисполнети
Во време кога сѐ повеќе се зборува за квалитетот на животот, совети од луѓе кои доживеале длабока старост добиваат особено значење. Една 107-годишна жена одлучи да го сподели своето искуство и да понуди едноставни, но моќни совети за подолг и посреќен живот.
Тајната на долговечноста
Таа е уверена дека најважната одлука која ја донела е тоа што целосно се откажала од алкохол. „Алкохолот не само што го уништува телото, туку влијае и на психичката состојба – и на оној што пие, и на луѓето околу него“, вели оваа стогодишна жена. Нејзината долга возраст ја припишува на здрава исхрана, редовна физичка активност и грижата за себе.
Но, меѓу нејзините совети се најде и еден што на многумина им измамил насмевка – самотијата. „Долго време сум вдовица и живеам сама. Тоа ми годи“, открива таа. Според неа, изборот со кого ќе го поминуваме времето е клучен. „Ако сте опкружени со негативни луѓе, ќе бидете под постојан стрес и исцрпени. Изберете луѓе што ве инспирираат и ве прават среќни“, порачува таа.
Мали навики, големи промени
Стогодишната жена исто така зборува за важноста на здравите навики. Нејзиното мени е богато со зеленчук, овошје, зобени снегулки и клица. За појадок препорачува мусли и нискомаслен јогурт. „По неколку дена ќе почувствувате повеќе енергија“, уверува таа.
Има и совет за утринската рутина: пред да заминете на работа, измасирајте го телото со масажна ракавица за туширање, потоа истуширајте се и нанесете млеко или масло за тело. Додека седите или одите, држете го телото исправено – така ќе го намалите заморот, бидејќи неправилното држење создава притисок врз внатрешните органи и телото дополнително се оптоварува.
Живот со благодарност
Иако живее сама, вели дека не е осамена – има внук кој се грижи за неа и тоа ѝ носи радост. „Секој ден е дар, а најважно е да не заборавиме да бидеме благодарни“, заклучува оваа мудра жена, која со својот пример потсетува дека здравиот животен стил и позитивниот дух се најдобрите сојузници на долговечноста.