ПРВ.мк
Магазин

Спортската ѕвезда Ламине Јамал доби кривична на роденденската забава – поттикнувал дискриминација кон лицата со попреченост

Спортската ѕвезда Ламине Јамал доби кривична на роденденската забава – поттикнувал дискриминација кон лицата со попреченост
Escape

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, кој во неделата го прослави својот 18. роденден, се најде во центарот на скандал поради тоа што ангажираше џуџиња како забавувачи на забавата. Овој потег предизвика реакција од шпанското здружение за лица со ахондроплазија и скелетни дисплазии (ADEE), кое го пријави случајот во Канцеларијата за лица со попреченост при Министерството за социјални работи.

Канцеларијата поднесе кривична пријава до Државното обвинителство, кое сега треба да утврди дали со овој чин се прекршени законите и правата на лицата со попреченост. Законот во Шпанија строго забранува организирање претстави или забави кои можат да предизвикаат исмејување или потсмев на лицата со попреченост.

Од ADEE соопштија дека: „Ја осудуваме праксата да се ангажираат џуџиња како забавувачи. Овој чин ги крши законите и основните етички вредности на општеството кое се стреми кон еднаквост и зачувување на достоинството на сите граѓани. Исто така, ја поттикнува дискриминацијата и стереотипите кон лицата со попреченост.“

Роденденската забава се одржа на 13 јули во Оливела, град во близина на Барселона, а на неа покрај Јамал, присуствуваа и неговите соиграчи, како и познати инфлуенсери и јутјубери.

Забавувачите, пак, ги бранеа своите активности, тврдејќи дека нивната претстава е легална и дека никој не бил навреден. Еден од нив за радио „Рац 1“ изјави: „Ние сме нормални луѓе, не циркуски мајмуни. Ги почитуваме границите и никој не покажа непочитување. Нашата претстава траеше еден час, а потоа се дружевме со гостите, танцувавме и изведувавме магични трикови.“

Од Барселона за британската „Би-би-си“ изјавија дека нема да коментираат бидејќи ова е приватен настан од животот на играчот, и дека ќе се обратат јавноста откако ќе бидат утврдени сите факти.

Овој случај ја отвори дебатата за границите на забавата и почитувањето на правата на лицата со попреченост, како и за одговорноста што ја носат јавните личности.

Mia Home Mavrovo