ПРВ.мк

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани
Jumbo Banner

Собрани 10 000 евра од хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска за настраданите во Кочани. 

– Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани, соопштија од иницијативата „SupportKocani“. 

Концерт исполнет со емоции, солзи, љубов и моќна порака: дека музиката обединува таму каде што тишината боли.

– И дечките од „SupportKocani“ беа таму за да го почувствуваат тој момент на сплотеност и поддршка. Од име на цело Кочани благодариме. Ова нема да го заборавиме! – велат оттаму. 

Тамара рече дека ова бил најемотивниот концерт во нејзиниот живот. 

Во моменти на тага и болка, секој/а од нас мислеше како може да помогне, а тоа да не е единствено со споделување на апели по социјални мрежи. Јас можам да помогнам преку тоа што најдобро знам да го правам – да пеам. Многупати се докажало дека преку музиката тагуваме, изразуваме болка, емпатија, поддршка… Инаку, иницијално идејата е на мојот татко, Велко, и решив да го послушам и заедно со мојот бенд и тим да организираме хуманитарен концерт за Кочани.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран