ПРВ.мк
Магазин

Шетале низ шума и наишле на мистериозн влез - откриена стара тајна!

Шетале низ шума и наишле на мистериозн влез - откриена стара тајна!

Еден млад пар кој уживал во истражување на руралните делови на Ајова наишол на необично откритие кое го споделиле на социјалните мрежи и предизвикале голем интерес.

На изолирана патека, во државна шума, тие откриле напуштена градба вградена во самиот рид, без мебел, а подот бил покриен со гранки.

Заинтригирани, објавиле фотографии на Reddit и побарале помош за идентификација на објектот, кој имал изглед на колиба.

Одговорите брзо пристигнале – повеќето корисници сметале дека тоа е стар „root cellar“ (подрум за чување храна), користен пред појавата на електрична енергија. Овие подруми биле многу чести во руралните делови на Средниот Запад на САД.

„Овие градби служеле за чување месо, јајца и зеленчук во зимскиот период“, објаснила една од корисничките.

Други додаваат дека слични подруми користеле и доселениците од Скандинавија.

Еден локален познавач открил дека објектот се наоѓа во подрачјето Little Sioux, во државната шума на Ајова, и дека некогаш бил дел од имот со куќа и штала.

Експертите објаснуваат дека овие подруми биле градени под земја заради искористување на стабилната температура и влажност.

Иако денес се реткост, ваквите подруми сеуште постојат во модернизирани форми.

Escape