Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ отпатува од Србија непосредно пред големата прослава по повод полнолетството на неговата ќерка Атина.
Атина на 7 септември ќе го прослави својот 18-ти роденден, а според српските медиуми, се подготвува голема прослава во Белград.
Во пресрет на славјето, Тошиќ отпатувал во Марбеља, едно од најпознатите и најлуксузни летувалишта во Шпанија.
Тој и самиот откри каде се наоѓа преку објави на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии и снимки од познатата шпанска дестинација.

Неговото патување привлече внимание токму поради тоа што се случува непосредно пред важниот ден за неговата ќерка.
Засега нема информации дека патувањето значи дека Тошиќ ќе ја пропушти прославата, ниту е познато колку долго планира да остане во Марбеља.








