Ако барате едноставен, а превкусен рецепт за домашни кифли, овие турски кифлички се вистински погодок. Станува збор за меко, воздушесто и лесно тесто што буквално се топи во уста, а тајната е во правилното месење и во тоа тестото да остане меко и еластично.
За подготовка ви се потребни 750 милилитри млеко, една лажица сув квасец, две лажици шеќер, 250 милилитри масло, еден килограм брашно и сол по вкус.

Подготовката започнува така што во еден сад се мешаат млако млеко и сув квасец. Во посебен сад се соединуваат шеќерот, солта и маслото, а потоа во смесата се додава млекото со квасецот. Потоа постепено се додава брашното, при што е многу важно да не се стави целата количина одеднаш. Тестото треба да биде меко, мазно и само малку лепливо.
Откако ќе се измеси, се покрива и се остава да стасува околу 30 до 40 минути. Потоа со малку масло на рацете се земаат парчиња од тестото, се оформуваат кифлите и се редат во подмачкан плех.
Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека не добијат убава златна боја.
Резултатот се миризливи, меки и сочни кифли што се одлични и за појадок и за вечера, а уште подобри се кога се послужуваат топли.


















