ПРВ.мк
Магазин

Ретка принова во Скопската зоолошка градина: Родени близначиња џуџести мармозети!

Ретка принова во Скопската зоолошка градина: Родени близначиња џуџести мармозети!
Kristal

Скопската зоолошка градина сподели убава вест – еден од паровите џуџести мармозети доби близначиња, што претставува ретка и значајна принова.

Џуџестите мармозети се сметаат за најмалите мајмуни во светот и во зрелост тежат најмногу до 100 грама. Токму поради нивната минијатурна големина, новородените бебиња сè уште тешко се забележуваат со голо око.

Како што информираат од Зоолошката градина, младенчињата постојано се носат на грбот на мајката, а во нивното одгледување учествува целата група, што е карактеристично за овој вид примати.

„Џуџестите мармозети се исклучително чувствителни, но и социјални животни, па грижата за младенчињата е заедничка задача на целото семејство“, соопштија од Скопје ЗОО преку социјалните мрежи.

Оваа ретка принова е уште еден показател за успешните услови и грижата што им се обезбедува на животните во Скопската зоолошка градина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo