Само три серии по 30 секунди дневно – и ќе ги допреш прстите на нозете
Дали можете да ги допрете прстите на нозете додека стоите? Ова едноставно движење е повеќе од само тест за флексибилност – тоа е практичен показател за здравјето на вашиот рбет и задниот дел од грбот, вели експертот за мобилност Роџер Фремптон, основач на Frampton Method.
„Ова е позиција што секој би требало да може да ја изведе“, нагласува Фремптон. Ако не можете, тоа најчесто не значи дека нешто не е во ред, туку дека вашето тело е закочено – што може да биде последица од недоволна подвижност, или напротив, резултат на зголемена сила, како кај тркачи.
Сепак, недостатокот на флексибилност во задната ложа може да предизвика болки во грбот и проблеми во „кинетичкиот ланец“ – поврзаниот систем од мускули, зглобови и коски. Затоа, работата на оваа подвижност не е само пожелна, туку и корисна.
Како да започнеш?
Фремптон советува да се држите до три основни правила:
Стапалата да бидат заедно и насочени право напред.
Нозете целосно испружени.
Тестирајте ја флексибилноста наутро, пред вежбање.
Обидете се да ги допрете вашите прсти.
Потоа, преминете на самата вежба:
Вежба: 3 серии по 30 секунди дневно
Седнете на под со испружени нозе.
Притиснете ги колената кон подот.
Обидете се да ги подигнете петите – ако не можете, ставете книга под колената.
Испружете ги рацете напред и задржете ја позицијата 30 секунди.
По секоја серија, станете и проверете дали можете да допрете подлабоко – најчесто, ќе забележите напредок.
Со редовно вежбање, оваа едноставна техника може да стане клучен дел од вашата мобилност и дневна рутина, а резултатите ќе ги почувствувате и во целокупната телесна подвижност. Тестирајте се секој месец за да го следите напредокот – целта е: да ги допрете прстите!