ПРВ.мк

Неколку знаци дека вашето тело е полно со глисти: Доколку забележите нешто вакво, најдобро е да посетите лекар

Неколку знаци дека вашето тело е полно со глисти: Доколку забележите нешто вакво, најдобро е да посетите лекар
Jumbo Banner

Првите симптоми обично се чешање и црвенило на кожата.

Дали имате болки во стомакот, дијареа и постојано надуеност? Или, можеби, веднаш после јадење на одредени видови храна морате да се упатите кон тоалет?

Можеби сте помислиле дека се работи за синдром на нервозно дебело црево или некој друг гастроинтестинален проблем, но доктор Ден Баумгарт верува дека причината може да бидат паразитите, особено анкилостомата (рударски глисти).

„Воспалението на тенкото црево предизвикано од анкилостомата може да предизвика болка во стомакот и дијареа. Покрај тоа, може да ја наруши апсорпцијата на протеини и железо, што доведува до анемија“, вели доктор Баумгарт.

Иако паразитите може да предизвикаат гадење, треба да знаете дека не се појавуваат само во цревата. Тие може да го зафатат и респираторниот систем, предизвикувајќи кашлање и проблеми со дишењето.

Возрасните анкилостоми (рударски глисти) живеат во цревата на заразени кучиња и мачки, и може да се најдат во нивниот измет. Кога луѓето ќе стапнат боси на земјата, каде што има остатоци од изметот, паразитите можат брзо да се пренесат.

Првичниот знак дека сте заразени со паразити е чешање на кожата. Брзо може да се појави и црвенило на тој дел од телото.

Кога паразитите влегуваат во организмот, имунолошкиот систем реагира, што доведува до воспаление и црвени траги на кожата во форма на змија.

Третиот симптом е присуство на бели црви во столицата. Проценува се дека 470 милиони луѓе се погодени од анкилостома, а оваа инфекција е најчеста во топлите региони, Карибите, Африка и јужните делови на САД.

Докторот исто така напоменува дека „кончестите црви“ се исто така опасни, бидејќи може да живеат кај деца или возрасни без тие да бидат свесни за проблемот, бидејќи не покажуваат никакви симптоми на инфекција.

„Во ретки случаи, овие паразити можат да предизвикаат болка во стомакот, која наликува на воспаление на слепо црево. Имаше случаи кога, при операција на слепо црево, биле пронајдени целосни колонии на црви. Најдобра заштита од паразити е одржување на хигиената и темелно миење на рацете“, заклучува доктор Баумгарт.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран