Долги години се зборуваше за чувствителни точки кај жените, додека машката анатомија во овој контекст ретко беше детално истражувана. Но нови научни анализи фрлаат поинакво светло и откриваат дека најчувствителниот дел кај мажите не е таму каде што најчесто се мислело.
Според истражување објавено во научното списание Andrology, најсилната ерогена зона кај мажите е таканаречената френуларна делта – мала триаголна област која се наоѓа на долната страна од пенисот, на местото каде што се спојуваат главата и телото.
Иако оваа структура одамна е позната во анатомијата, дури сега добива поголемо внимание од научната јавност. Истражувачите откриле дека токму оваа зона содржи значително повеќе нервни завршетоци и сензорни рецептори отколку делови за кои претходно се верувало дека се најчувствителни.
Досега се сметаше дека глансот е главниот центар за чувствителност, но деталните анализи покажале дека френуларната делта е многу поинтензивна во перцепцијата на допир и движење.
Ова откритие доаѓа во период кога науката сè повеќе се насочува кон подобро разбирање на човечката анатомија и улогата на различни делови од телото во чувствителноста и реакциите. Слично како и кај други делови од телото што долго време биле запоставени во истражувањата, и оваа зона сега добива внимание што може да придонесе за подобро разбирање на човековото тело.










