ПРВ.мк
Магазин

Најбизарниот закон оди во историја: Танцуваш во бар? Ова се последиците!

Најбизарниот закон оди во историја: Танцуваш во бар? Ова се последиците!
Kristal

Звучи како сцена од филмот Footloose – мал град каде што танцувањето е забрането, а младите се борат за правото да играат. Но, слична приказна со години постоела и во Њујорк – и тоа сосема реално.

Многумина жители несвесно го прекршувале законот секогаш кога ќе заиграле во некој бар или ресторан. Причината? Старо и збунувачко правило поврзано со видот на лиценцата што ја поседува објектот. Ако локалот имал стандардна лиценца за ресторан, танцувањето формално не било дозволено, освен ако немал дополнителни одобренија.

Овој „архаичен“ пропис конечно ќе биде укинат. Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, најави дека ќе ѝ наложи на Управата за контрола на алкохолни пијалоци да дозволи танцување во барови и таверни по дифолт, како и воведување нова хибридна лиценца за ресторани и барови.

Со ова се поедноставува процедурата и се намалува бирократијата, а танцувањето – конечно – станува нормална појава без правни сиви зони. Многу њујорчани биле изненадени кога дознале дека ваков закон воопшто постои.

Иако ретко строго се спроведувал, неговото постоење било доволно да создаде правна несигурност за угостителите. Сега, со укинувањето, музиката и движењето ќе бидат слободни – барем на подиумот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo