ПРВ.мк
Црна Хроника

Не верувајте на секого: 55-годишник од Желино измамен за 4.200 евра!

Не верувајте на секого: 55-годишник од Желино измамен за 4.200 евра!
Kristal

Вчера околу 15:00 часот во СВР Тетово, 55-годишник од општина Желино пријавил дека бил измамен од С.Р. од село Камењане, општина Боговиње.

Според пријавеното, во текот на 2024 година, С.Р. му ветил на оштетениот дека ќе му посредува за добивање на социјална помош и социјален стан, за што тој исплатил вкупно 4.200 евра во неколку наврати.

По извесно време, услугите не биле извршени, парите не му биле вратени, и 55-годишникот сфатил дека бил измамен.

Случајот е во тек, а полицијата презема мерки за расчистување и утврдување на сите околности.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo