Британскиот адвокат Насир Хафези, популарен на социјалните мрежи, секојдневно споделува правни совети со цел да ја едуцира јавноста за нивните законски права во различни ситуации. Во едно вирално видео на ТикТок, тој открива кое е прашањето на кое никогаш не треба да се одговори кога полицијата ќе ве запре.
Видео клипот, кој собра над 2 милиони прегледи, ги објаснува потенцијалните последици од одговарањето на едно наизглед безопасно прашање што полицијата го поставува при сообраќајна контрола. Прашањето е: „Знаете ли зошто ве заправ?“.
Многумина ќе се обидат да одговорат искрено или да го споменат најмалиот прекршок што го направиле, но Хафези советува дека ова е погрешен пристап. Тој објаснува дека нема начин да се знае што точно мисли полицаецот и кои докази ги има во тој момент.
„Не знаете што му се врти во главата на полицаецот. Зошто да одговарате на прашањето кога немате информации за што точно сте осомничени?“ – вели адвокатот. Според него, ова може да биде трик-прашање.
Иако полицаецот може да има доказ за еден прекршок, вашето признание на нешто што сте направиле (на пример, да кажете „поминав на црвено“ или „возев пребрзо“) може да доведе до признавање на дополнителни прекршоци, што полицијата можеби ги немала на ум.
Хафези советува да одговорите љубезно, но без да признаете ништо. На прашањето „Знаете ли зошто ве запрев?“, најдобро е да одговорите со „Ве молам, кажете ми“. Ова ќе ви помогне да добиете повеќе информации од полицијата и да бидете во подобра позиција ако се зборува за потенцијален прекршок.