Обратете внимание на следниве три намирници и размислете да ги исфрлите од исхраната или да ги јадете умерено.
Знаеме дека УВ зраците се главен причинител за знаците на стареење на кожата, вклучувајќи брчки, опуштање на кожата и темни флеки од сонце.
Меѓутоа, намирниците кои одлучувате да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана имаат уште поголемо влијание на вашата кожа.
Неврологот Роберт В. Б. Лав објаснува дека одредени намирници предизвикуваат поголема воспаленост во организмот, што може да биде поврзано со проблеми како што се екцем, псоријаза и акни.
Обрнете внимание на следниве три намирници и размислете да ги исфрлите од исхраната или да ги јадете умерено.
Скара
Месото подготвено на скара може да го зголеми нивото на AGE (напредни гликациски крајни продукти) во организмот, што доведува до воспаление.
А токму воспалението е еден од главните причинители на забрзано стареење. За да го намалите количеството на AGE, избирајте месо што е варено или печено, но не преготвено или изгорено.
Исто така, сосот за скара често содржи големи количини рафиниран шеќер, што не доведува до следната намирница што треба да ја избегнуваме.
Рафиниран шеќер
Рафинираниот шеќер “навистина ве прави да изгледате постари”, вели Лав. Тој го зголемува нивото на инсулин и глукоза во крвта, што ја зголемува воспаленоста во телото.
Покрај тоа, прекумерната консумација на шеќер го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, што дополнително ги засилува воспалителните процеси и ја зголемува веројатноста од развој на Алцхајмерова болест.
Пржена храна
Пржената храна претставува двоен проблем – не само што содржи големи количини на јаглехидрати кои можат да го подигнат нивото на инсулин и предизвикаат воспаление, туку често се пржи во нездрави растителни масла кои уште повеќе ги засилуваат воспалителните процеси.
Заменете ја пржената храна со намирници подготвени во фритеза на топол воздух, со додаток на маслиново масло – ова е многу поздрав избор за вашиот организам и ваша кожа.