Калин Ивановски успеа да се пласира на главниот турнир на М15 што се игра во хрватскиот град Пореч.
Македонскиот тенисер денеска во финалето од квалификациите успеа да го совлада Лука Плосниќ од Италија со 2-0 во сетови. Ивановски двата сета ги доби со 6:3 во гемови. Ова беше трета победа во квалификациите за македонскиот тенисер.
Негов ривал во првото коло од турнирот утре ќе му биде Србинот Стефан Поповиќ, кој е рангиран како шести носител и се наоѓа на 439.место на АТП листата.
Турнирот во Пореч се игра за награден фонд од 15.000 долари и дела од турнирите „Истарска ривијера“.