ПРВ.мк
Магазин

Хари Потер се враќа на екраните, HBO го објави точниот датум

Хари Потер се враќа на екраните, HBO го објави точниот датум

Хари Потер се враќа на малите екрани на 25 декември 2026 година, кога ХБО Макс ќе ја лансира новата серија базирана на светски познатата приказна на Џ. К. Роулинг. Првите објавени кадри веќе предизвикаа големо внимание и ја најавија оваа продукција како еден од најголемите телевизиски проекти на годината.

Серијата ќе биде првата голема ТВ-адаптација на книгите, по популарната филмска франшиза која го обележа почетокот на 21 век. Првата сезона ќе го носи името „Хари Потер и Каменот на мудроста“ и ќе има осум епизоди, следејќи го животот на младиот Хари од домот на Дурсли до неговото пристигнување во Хогвортс.

ХБО ја откри и главната актерска екипа: Доминик Меклафлин како Хари Потер, Арабела Стентон како Хермиона Гренџер и Аластер Стаут како Рон Визли. Во проектот се вклучени и познати имиња како Џон Литгоу (Дамблдор), Џенет Мектир (Мекгонагал), Паапа Есиеду (Снејп) и Ник Фрост (Хагрид).

Новата серија не се потпира само на носталгија, туку се обидува да понуди подлабока и подетална приказна благодарение на телевизискиот формат, кој овозможува поголема верност кон книгите.

Покрај ова, ХБО најави и силна 2026 година со нови сезони на популарни серии како „Куќата на змејот“, „Лантернс“, „Позлатеното доба“ и документарниот спортски проект „Хард Нокс“.