Ако не ги поднесувате тековните ниски температури кај нас, верувајте дека тоа не е ништо.
Во најстудениот град на светот, температурата зиме може да достигне дури -71 степен! Марија Солко, која живее во Јакутск, објави видео во кое објасни како се загреваат луѓето во тој град. Просечните температури за јануари (кој им е најстудениот месец во годината) изнесуваат -50, а најниската температура што некогаш била измерена во овој руски град е -71 степен, што било на најстуденото место на Земјата. Па, ако ви пречат актуелните ниски температури кај нас и постојано ви е ладно во домот, прочитајте како жителите на овој град успеваат да ги загреат своите станови и куќи.
Како се загреваат зградите во Јакутск?
Марија раскажува дека зградите во овој град се загреваат на два начина – имаат централизирано и индивидуално греење на гас. Повеќето ја користат првата опција. Се бидејќи сè е замрзнато, цевките се поставени над земја.
„Најголемиот недостаток на овој начин на греење е тоа што сопствениците на станови не можат да ја контролираат температурата. Може да ви биде премногу ладно, но и премногу топло“, додава таа.
Јутјуберката вели дека сите кои користат индивидуално греење на гас можат да ја контролираат температурата во својот дом. Таа се осврнува и на цените, велејќи дека во декември за греењето на гас платила само осум долари, додека нејзините роднини кои живеат во зграда со централизирано греење добиле сметка од 130 долари за истиот месец. Дополнително, додава дека во нејзината зграда има три влезни врати за да се задржи топлината внатре. Практично сите градби се изградени од дрво бидејќи е прилагодливо на сите сезони. Како изолација се користи струх кој ги пополнува просторот помеѓу дрвените греди.
Земјата никогаш не се одмрзнува
Во градот кој се наоѓа околу 450 километри јужно од Арктичкиот круг, земјата останува студена дури и за време на летото, кога температурите можат да пораснат до 30 степени и повеќе. Земјата никогаш не се одмрзнува. Јакутск има околу 355.500 жители, а луѓето се најчесто занимаваат со сточарство и риболов. Жителите на овој град велат дека таквиот студ не го чувствуваат, бидејќи нивниот мозок едноставно се прилагодува на тоа. Ниските температури за нив се нормални и се навикнати на нив.
Во најстудениот дел, селото Ојмјакон, животот се одвива без канализација, бидејќи цевките се смрзнуваат, па тоалетите најчесто се наоѓаат надвор од куќите. Мобилните телефони се смрзнуваат, а оние кои немаат греење во гаражата не ги гасат автомобилите преку ноќ, бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.
Погледнете го видеото: