Ferrari неодамна ги објави прелиминарните спецификации за Elettrica, нивниот прв електричен модел, но тоа не значи дека моторите со внатрешно согорување се на изумирање. Напротив, компанијата ревидираше својата стратегија и предвидува дека до 2030 година 40% од новите автомобили ќе имаат бензински мотори, двојно повеќе од претходните проценки за 20%. Уделот на хибридите останува непроменет на 40%, што значи дека голем број на возачи ќе можат да уживаат во V6, V8 и V12 мотори во следните години.
Главниот директор за истражување и развој, Ернесто Лазаландра, потенцира дека Ferrari ќе продолжи со усовршување на бензинските мотори за подобри перформанси и ефикасност, додека истовремено ги следи најновите глобални регулативи за емисии. Тој истакна дека специфичната моќност на моторите може да се зголеми и понатаму, дури и над рекордот од 296 КС на хиперавтомобилот F80.
Ferrari исто така е подготвена за иднината на алтернативни горива, вклучувајќи и е-гориво, за да ги задоволи новите технологии и барањата за одржливост.
И додека електричните возила ќе станат дел од понудата на Ferrari за оние кои се отворени за нови технологии, брендот останува посветен на традиционалното искуство со мотор со внатрешно согорување. Помеѓу 2026 и 2030 година се планирани најмалку 20 нови модели, што ги прави следните години едни од најактивните во историјата на компанијата.