ПРВ.мк
Магазин

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Како да согорувате повеќе калории додека спиете!

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Како да согорувате повеќе калории додека спиете!
Kristal

Спиењето не е само време за одмор, туку и за обновување на телото, а истовремено може да помогне во согорувањето на калории. Според д-р Даниел Аткинсон, лекар по општа медицина, калории се трошат и во мирување, а тоа се нарекува базален метаболизам. Количината калории што телото ги троши додека спие зависи од возраст, телесна маса и животни навики.

Еден од начините да се забрза метаболизмот е преку средината во која спиете. Истражувањата покажуваат дека спиењето во постудена просторија може да помогне и да го подобри квалитетот на сонот, а истовремено да има корист за лицата со респираторни проблеми.

Доволно сон е клучен фактор за здрав метаболизам. Недостатокот на сон го стимулира лачењето на грелин, хормон за глад, што може да доведе до почесто јадење и избор на нездрава храна.

Исто така, треба да се избегнуваат оброци доцна навечер. Големите или калорични вечери пред легнување го нарушуваат согорувањето калории и квалитетот на сонот, бидејќи телото ноќе активно ја вари храната.

Развивањето мускулна маса е еден од најефикасните начини за забрзување на метаболизмот. Мускулите трошат повеќе енергија отколку масното ткиво, па редовни вежби со тежина може значително да го зголемат дневното согорување калории.

Исхраната исто така има важна улога. Избирајте немасни протеини и доволно влакна од овошје и зеленчук за да се чувствувате сити и да избегнете непотребни меѓуоброци.

Во просек, возрасен човек согорува меѓу 40 и 55 калории на час додека спие, но тоа варира според телесната градба, тежината и животниот стил. Со правилни навики и редовна активност, спиењето може да стане еден од начините за одржување на здрава тежина.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo