ПРВ.мк
Магазин

Денес се слави свети Амфилохиј Икониски – Еве каква моќ имал тој

Денес се слави свети Амфилохиј Икониски – Еве каква моќ имал тој
Kristal

Свети Амфилохиј Икониски бил сонародник и блиски пријател на свети Василиј Велики и другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во пештера, каде како отшелник живееше во подвиг цели четириесет години. Судбината го повика да стане епископ на Иконија, и Амфилохиј на чудесен начин беше избран и посветен за епископ Икониски.

Тој се истакнувал како прекрасен пастир и ревносен бранител на чистата православна вера. Учествувал на II Вселенски Собор во 381 година и се борел против злочестивиот Македониј, аријанците и Евномиј.

Амфилохиј лично го молел царот Теодосиј Велики да ги протера аријанците од градовите, но желбата не му била веднаш исполнета. Кога повторно се обратил на царот, поклонувањето на Амфилохиј кон царот и игнорирањето на неговиот син Аркадиј ја открило неговата мудрост и непоколеблива вера. Тој рекол:

„Гледаш ли, цару, како ти не го поднесуваш бесчестењето на твојот син; така и Бог Отецот не го трпи бесчестењето на Синот Свој и се гневи на сите следбеници на онаа ерес.“

Царот се восхитил на смелоста и мудроста на светителот. Покрај подвизите и духовното раководство, Свети Амфилохиј напишал неколку книги за верата и се упокои во 395 година, влегувајќи во бесмртниот живот.

FixCredit
Atensa 300
Escape