ПРВ.мк
Македонија

Уапсени двајца крадци кои тероризирале продавници и маркети - Ова се деталите

Уапсени двајца крадци кои тероризирале продавници и маркети - Ова се деталите
Kristal

Полицијата од Гостивар ги лиши од слобода двајца крадци кои во текот на минатиот месец извршиле низа кражби во локални продавници и маркети.

Првиот случај се случи на 5 декември 2025 година околу 09:50 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, кога полициски службеници го уапсија Е.Е. (38) од Гостивар. Тој е осомничен за извршување на тешки кражби во повеќе објекти во градот. По привршувањето на документирањето на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Вториот случај се случи на 6 декември 2025 година околу 00:05 часот во село Чајле, каде беше уапсен А.К. (44) од село Леуново, гостиварско. Тој е осомничен за кражби и тешки кражби извршени во продавници и маркети низ гостиварското подрачје. И против него, по документирањето на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

МВР истакнува дека двата апсења се резултат на континуирани полициски акции насочени кон борба против криминалот и заштита на имотот на граѓаните.

FixCredit
Atensa 300
Escape