Покрај дванаесетте главни апостоли, Господ избра и седумдесет други апостоли, кои ги испрати на мисија да го проповедаат Евангелието. Тие одеше двајца по двајца во различни градови и места, со зборовите: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5).
Како што Јуда Искариот отпадна од Господа, така и дел од овие седумдесетмина понекогаш отстапуваа, не од злонамерност, туку поради човечка слабост и маловерие (Јован 6, 66). Сепак, местата на тие кои се оддалечиле биле пополнети со други избраници, кои продолжиле со истата мисија.
Овие апостоли им помагаа на дванаесетмината големи апостоли во ширењето и утврдувањето на Црквата. Тие претрпеа многу страдања од луѓето и демоните, но нивната вера и љубов кон воскреснатиот Господ ги направи победници и наследници на Небесното Царство.
Меѓу нив се наоѓаат: Јаков, брат Господов, Марко и Лука евангелистите, Клеопа, Симеон, Варнава, Јосија (Јуст), Тадеј, Ананија, првомаченикот Стефан, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Тимотеј, Тит, Филимон, Онисим, Епафрас, Архип, Сила, Силуан, Крискент, Крисп, Епенет, Андроник, Стахиј, Амплиј, Урван (Урбан), Наркис, Апелиј, Аристовул, Родион (Иродион), Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт, Ерма, Патров, Ермиј, Лин, Гај, Филолог, Лукиј, Јасон, Сосипатр, Олимп (Олимпан), Тертиј, Ераст, Кварт, Евод, Онисифор, Климент, Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Карп, Кодрат, Марко, Зина, Аристарх, Пуд, Трофим, Марко, Артема, Акила, Фортунат и Ахаик, Дионисиј Ареопагит и Симеон Нигер.

















