ПРВ.мк
Македонија

Капар од 2.000 евра и исчезнат мајстор: Старец од тетовско пријавил измама со собни врати

Капар од 2.000 евра и исчезнат мајстор: Старец од тетовско пријавил измама со собни врати
Kristal

Седумдесет и петгодишен жител од тетовско пријавил во СВР Тетово дека бил измамен за 2.000 евра, откако на едно лице од Тетово му дал пари како капар за изработка на собни врати.

Според пријавата, договорот бил направен во октомври 2025 година, а пријавителот однапред ја исплатил сумата со очекување дека вратите ќе бидат изработени и доставени во договорениот рок. Наместо тоа, услугата не била извршена, а по неколку обиди да стапи во контакт, осомничениот прво му тврдел дека изработката ќе биде завршена, за потоа целосно да стане недостапен на телефон.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo