Министерството за надворешни работи на Северна Македонија апелира до сите свои државјани во Абу Даби да се пријават за евакуација поради зголемената безбедносна закана. Амбасадата во координација со локалните власти ја завршува организацијата на комерцијален лет за враќање во земјата.
Граѓаните кои сакаат да заминат треба веднаш да контактираат со амбасадата преку телефон +971 56 441 7532 или е-маил [email protected].
МНР нагласува дека безбедноста на македонските државјани е највисок приоритет и сите пријавени ќе бидат навремено известени за деталите и условите за евакуацијата.
Моментот е критичен – секој час е важен за навремено организирање на безбедниот повраток.


















