ПРВ.мк
Магазин

Чоколадна торта без печење, готова за само 10 минути – евтин и едноставен рецепт за секоја пригода

Чоколадна торта без печење, готова за само 10 минути – евтин и едноставен рецепт за секоја пригода

Доколку сакате вкусен десерт што се подготвува брзо, без печење и без многу трошоци, оваа чоколадна торта е одличен избор. Потребни се само неколку состојки, а подготовката трае околу 10 минути, по што тортата треба да се излади и да се стегне во фрижидер.

Потребни состојки за филот:

  • 600 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици густин
  • 100 г путер
  • 100 г темно чоколадо
  • 400 г бисквити

За чоколадниот прелив:

  • 150 г темно чоколадо
  • 150 мл слатка павлака

За декорација:

- Сечкани ф'стаци или ореви

Начин на подготовка:

Во тенџере измешајте ги млекото, шеќерот, какаото и густинот. Загревајте со постојано мешање додека не добиете густ и кремаст фил.

Додека смесата е сè уште топла, додајте ги путерот и темното чоколадо. Мешајте додека целосно не се растопат и соединат.

Бисквитите искршете ги на помали парчиња, додајте ги во чоколадниот фил и добро промешајте. Добиената смеса распоредете ја рамномерно во калап за торта.

За преливот, загрејте ја слатката павлака и прелијте ја врз чоколадото. Мешајте додека не добиете мазна чоколадна смеса, а потоа распоредете ја врз тортата.

На крај украсете со сечкани ф'стаци или ореви и оставете ја тортата во фрижидер додека целосно не се стегне.

Резултатот е кремаста, богата чоколадна торта која се подготвува без рерна и е идеална за семејни прослави, родендени или кога ви се јаде нешто слатко.

Најнови вести