Еден од најпознатите турски актери, Бурак Озџивит, кој ги освои срцата на женската публика со улогата на Бали Бег во „Сулејман Величествениот“, ги изненади сите со целосна трансформација.

Актерот, кој беше симбол на машката привлечност благодарение на својот продорен поглед и карактеристичните црни мустаќи, објави селфи на кое е без брадата и мустаќите – изглед кој ги подели обожавателите.

Не е познато дали промената е поради нова улога или лична одлука, но коментарите не изостанаа. „Зошто го направи тоа?“, „Мустаќите беа твој заштитен знак!“, „Одличен си и вака, но сепак...“, беа само дел од реакциите.

Озџивит, покрај успехот во кариерата, со години е во среќен брак со актерката Фахрије Евџен. Се запознале во 2013 година на снимање, а во 2017 се венчале. Денес се родители на два сина.
