ПРВ.мк
Магазин

Ким Кардашијан ја шокираше јавноста со нов производ за лице кој ја „скулптира“ вилицата

Ким Кардашијан ја шокираше јавноста со нов производ за лице кој ја „скулптира“ вилицата
Escape

Ким Кардашијан повторно ја крена прашината на интернет со нов производ од нејзиниот бренд Skims – маска за лице наречена Seamless Sculpt Face Wrap, наменета за обликување на вилицата. Иако штотуку лансиран, производот веќе е распродаден.

Описот на веб-страницата го прикажува како „прва иновација за лице“ од брендот Skims. Маската, која доаѓа во нијанси од глина и какао, е направена од специјална ткаенина збогатена со колагенски влакна, дизајнирана да нуди „ултра мека поддршка на вилицата“. Но, во составот стои дека таа содржи 81% полиамид и 19% еластан.

Во видео објава на Instagram, Кардашијан демонстрираше како се користи производот, велејќи дека е наменет за носење преку ноќ или додека сте дома. Многумина, сепак, го споредија изгледот на маската со „средновековен уред за тортура“.

Реакциите беа поделени – додека некои го сметаат производот за револуционерен, други ја обвинија Кардашијан дека профитира од несигурностите на жените. Под објавите на Skims, корисници напишаа коментари како: – „Ова е срамно, ова не е иновација, туку напад на самодовербата“ – „Од 2019-та ги тера жените да се чувствуваат лошо за себе“ – „Зошто не им дозволите на луѓето да стареат природно?“

Од друга страна, дел од публиката тврдеше дека маската можеби ќе им помогне на луѓе со проблеми со вилицата, како TMJ нарушувања, бидејќи обезбедува поддршка додека спијат.

Засега, од Skims нема официјален одговор дали производот има медицински ефект или е само естетски додаток.

Mia Home Mavrovo