ПРВ.мк

Болидот на Шумахер од 2001 продаден за 13,43 милиони евра

Болидот на Шумахер од 2001 продаден за 13,43 милиони евра
Vero

Ферарито со кое легендарниот Михаел Шумахер ја донесе победата на Големата награда на Монако во 2001 година е продадено на аукција за 15,98 милиони евра (13,43 милиони фунти).

Шумахер се тркаше и на Големата награда на Унгарија, каде што исто така победи и ја освои четвртата од своите седум титули светски шампион таа година.

Автомобилот беше продаден на аукција во Sotheby’s пред одржувањето на квалификациите за овогодинешната трка за Големата награда на Монако, објави BBC.

Станува збор за четвртиот најскап автомобил од Формула 1 што некогаш е продаден, а светскиот рекорд беше поставен во февруари кога „стримлајнерот“ на Мерцедес, возен од сер Стирлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо, беше продаден за 42,75 милиони фунти.

Ова е најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција што го возел Шумахер, а претходниот рекорд го држеше неговиот F2003 од 2002 година, кој беше продаден за 9,75 милиони фунти.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран