ПРВ.мк
Магазин

Рецепт за какао коцки кој го носи вкусот на детството

Рецепт за какао коцки кој го носи вкусот на детството
Escape

Вкусен и брз десерт што ќе ги освои сите!

Потребни состојки:

За пандишпанот:

  • 2 јајца
  • 200 г шеќер
  • 250 мл млеко
  • 100 г путер
  • 250 г брашно
  • 50 г какао
  • 1 прашок за печиво

За глазурата:

  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици млеко
  • 50 г путер
  • 3 лажици мелени ореви
  • 100 г темно чоколадо

Подготовка:

  1. Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките до цврста пена.
  2. Во жолчките додадете го путерот и измешајте со миксер.
  3. Постепено додавајте шеќер и мешајте повторно.
  4. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки – брашно, какао и прашок за печиво.
  5. Постепено додавајте ги сувите состојки во жолчките, па потоа додајте го млекото. Мешајте со жица.
  6. Нежно вметнете ги изматените белки во смесата рачно.
  7. Подмачкајте калап со масло и посипете со брашно. Истурете ја смесата и печете 10 минути на 180°C.
  8. За глазурата, растопете путер, млеко, шеќер и чоколадо на тивок оган.
  9. Додадете мелени ореви и измешајте добро.
  10. Прелијте ја топлата глазура врз топлиот пандишпан. Оставете да се олади, исечете и послужете.

Добар апетит!

Mia Home Mavrovo