ПРВ.мк
Магазин

Херојот од авионската драма Зоран Настески, ја откри вистината зошто го совлада „терористот“

Херојот од авионската драма Зоран Настески, ја откри вистината зошто го совлада „терористот“
Escape

На летот од Лондон до Глазгов, инцидент што можеше да заврши трагично беше спречен благодарение на брзата реакција на Зоран Настески, роден во Скопје со мајка од Србија и татко од Македонија. Кога еден патник почна да вика дека има бомба, извикувајќи опасни закани и навреди против американскиот претседател Доналд Трамп, Настески без двоумење реагираше.

Тој го собори вознемирениот маж на подот и го држеше безбедно заклучен до моментот на слетувањето, кога го презеде полицијата. На снимката која брзо стана вирална се гледа храброста на Настески и паниката што ја предизвика заканата.

„Само реагирав инстинктивно, сакав да ги заштитам другите“, изјави Настески, кој по десет години работа во Велика Британија планира да се пресели во Белград со својата партнерка Сандра.

Неговата храброст го спречи потенцијален терористички напад и го спаси животот на многу луѓе, а во Британија е во тек истрага за настанот.

Mia Home Mavrovo