ПРВ.мк
Магазин

Колку пари навистина ви требаат за 7 дена во Грција? Новите бројки ги изненадија туристите

Колку пари навистина ви требаат за 7 дена во Грција? Новите бројки ги изненадија туристите

Грција и ова лето останува една од најпосетуваните туристички дестинации во регионот, но цените во популарните летувалишта продолжуваат да растат, особено во екот на сезоната.

Според туристичките анализи, висината на трошоците најмногу зависи од локацијата, периодот на патување и типот на сместување што ќе го изберат туристите. Познатите острови како Санторини и Миконос и натаму важат за најскапи дестинации, додека помалите места и копнениот дел од Грција нудат попристапни цени.

Проценките покажуваат дека за еднонеделен одмор едно лице треба да предвиди буџет од околу 700 до 1.150 евра, додека за пар потребни се меѓу 1.400 и 2.100 евра. За четиричлено семејство, трошоците можат да достигнат и до 4.200 евра, во зависност од изборот на сместување и дополнителните активности.

Туристичките работници советуваат дури и оние кои имаат уплатено all-inclusive аранжман да понесат дополнителни средства за излети, сувенири и други лични трошоци.

За оние кои патуваат во сопствена режија, препораката е да планираат од 400 до 600 евра по лице за храна, превоз и дневни трошоци, додека за покомотен одмор сумата може да биде и поголема.

Експертите советуваат навремена резервација на сместување, користење локални таверни и јавен превоз, како и купување намирници во супермаркети наместо на плажите, каде цените се значително повисоки.

Дополнително, се препорачува задолжително патничко осигурување и финансиска резерва за непредвидени ситуации, со цел одморот да помине без непријатни изненадувања.