Амбасадорот на Македонија во Шпанија, Едмонд Адеми објави дека во Мадрид вечерва пристигнале седумте пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани.
Тие се сместени на лекување во две Универзитетски клиники.
„Благодарност до шпанската влада, шпанското министерство за здравство и Регионот на Мадрид кои го превеземаа лекувањето на овие 7 млади луѓе. Амбасадата ќе биде во целосно располагање во текот на нивното лекување во Мадрид. Посакувам брзо заздравување!“, напиша Адеми.