Во напад со руски дронови на Киев, загинаа најмалку три лица, вклучувајќи и петгодишно дете, рекоа украинските официјални лица во неделата наутро.
„Масовен непријателски напад со беспилотно летало врз Киев“, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
Русија лансираше 147 беспилотни летала во неколку украински региони во текот на ноќта, соопшти во неделата украинското воздухопловство.
Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала, додека 25 беспилотни летала не успеаја да стигнат до своите цели, се вели во објавата на воздухопловните сили на Телеграм.
Украинците одговорија на нападот со напади врз Ростов, по што загина едно лице. Министерството за одбрана на русија соопшти дека Русија соборила 59 украински беспилотни летала во текот на ноќта.