На денешната 114-та редовна седница, Владата ја усвои информацијата за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и британското Јавно тело Crossrail International Limited.
Со договорот се воспоставува рамка за споделување експертиза, искуства и добра практика во развојот на железничката инфраструктура, со посебен акцент на брзата железница, товарниот железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, депоата и возниот парк. Договорот важи 5 години, со можност за продолжување уште 5 години, и произлегува од досегашната соработка меѓу двете влади за приоритетни инфраструктурни проекти.
Дополнително, Владата ја разгледа потребата за субвенционирање на филтри за оџаци кај домаќинствата кои користат греење на фосилни горива или дрва. Канцеларијата на Претседателот на Владата е задолжена да подготви детален план за условите, времетраењето и постапката за објавување на оглас за субвенции.