ПРВ.мк

ТЕМУ на удар од царините на Трамп – поскапи пратки од Кина за Американците!

ТЕМУ на удар од царините на Трамп – поскапи пратки од Кина за Американците!
Jumbo Banner

Кинеските онлајн трговци ќе се соочат со новите строги давачки на САД. На табелата која Трамп ја презентираше со тарифи за разните земји од светот, новиот данок за увоз од Кина изнесува 34%.

Производите на познатата кинеска онлајн платформа Тему би можеле да поскапат за американските граѓани откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за Кина. Асошиејтед Прес пишува дека со новите мерки на Белата куќа завршува изземањето кое претходно спречуваше царини за малите пратки увезени од Кина.

Кинеските онлајн трговци ќе се соочат со новите строги давачки на САД. На табелата која Трамп ја презентираше со тарифи за разните земји од светот, новиот данок за увоз од Кина изнесува 34%.

Трамп првично изјави дека ги наметнал царините за Кина поради, како што вели, нејзината улога во она што тој го нарекува национална криза поради фентанилот кој влегува во САД. Оваа недела наредбата вели дека превозниците на нелегални дроги и нивните состојки „често избегнуваат откривање“ користејќи го правилото „de minimis“, пишува АБЦ нјуз.

ELS

Во наредбата потпишана од Трамп од средата се вели дека американското Министерство за трговија сега има системи за обработка и собирање приходи за тие увози и дека давачките ќе бидат наплатени за пакети што ќе бидат испратени од 12:01 часот на 2 мај.

Од друга страна, Кина ги повика САД „веднаш да ги откажат еднострани царински мерки и правилно да ги решат разликите со своите трговски партнери преку дијалог“.

Портпаролот на кинеското министерство за трговија изјави дека царините ќе „го загрозат глобалниот економски развој и стабилноста на синџирот на снабдување“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран