ПРВ.мк
Економија

Светот на работ од нов шок? Потегот на една држава може да ја разниша глобалната економија!

Светот на работ од нов шок? Потегот на една држава може да ја разниша глобалната економија!
Kristal

Тензиите на Блискиот Исток повторно ја кренаа вознемиреноста на светските пазари, откако по последните напади следуваа серија контраудари и нови безбедносни закани во регионот.

По американско-израелските операции врз иранска територија, Техеран возврати со повеќе ракетни и дрон-напади кон израелски цели, а извештаи за експлозии пристигнаа и од неколку градови во Заливот. Во меѓувреме, предупредувања беа упатени и до бродовите што минуваат низ еден од најважните светски морски коридори за транспорт на енергенси, што дополнително ја зголеми загриженоста.

Според податоците на BP Energy Institute, Иран е меѓу водечките производители на нафта во светот, со повеќе од пет милиони барели дневно во 2024 година – околу 5 проценти од глобалното производство. Со тоа се позиционира меѓу првите пет најголеми производители.

Одлуката да се ограничи движењето низ Ормузскиот теснец предизвика сериозни реакции на пазарите. Според достапните информации, сообраќајот во овој клучен премин е значително намален, што отвора прашања за стабилноста на снабдувањето.

Инаку, глобалното производство на нафта во 2024 година достигна околу 97 милиони барели дневно. На врвот се САД, следени од Саудиска Арабија и Русија.

Аналитичарите предупредуваат дека секое дополнително влошување на ситуацијата би можело да предизвика нагло поскапување на нафтата и сериозни економски последици на глобално ниво.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo