Катар го суспендираше производството на течен природен гас (LNG) поради ескалацијата на нападите во регионот на Персискиот Залив, што предизвика бран затворања на нафтени и гасни постројки низ Блискиот Исток. Производството на LNG од оваа земја сочинува околу 20% од глобалната понуда, па прекинот веднаш ја погоди стабилноста на пазарите во Азија и Европа.
Комплексот „Рас Лафан“ и индустриската зона Месаид беа погодени од брантовите, а државната компанија „КатарЕнерџи“ подготви прогласување на виша сила за испораките на LNG.
На европскиот пазар, референтниот холандски TTF договор за испорака следниот месец порасна за 46%, додека цената на нафтата скокна за 13%, пробивајќи ја границата од 82 долари за барел – највисоко ниво од јануари 2025 година.
Саудиска Арабија, како мерка на претпазливост, ја суспендираше работата на рафинеријата Рас Танура со капацитет од 550.000 барели дневно, а компании во Иракски Курдистан и Израел привремено го запреа производството.
Иран, третиот најголем производител во ОПЕК, беше погоден од експлозии на островот Харг, преку кој се преработува околу 90% од неговиот извоз на сурова нафта.
Ескалацијата на конфликтот го турка светскиот пазар на енергенси на работ на нов глобален шок – гасот и нафтата се во силен пораст, а Ормутскиот теснец повторно станува критична точка за светската економија и безбедност.

















