Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можност за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија.
Патот би се одвивал копнено со автобуси, со траење од 13 до 15 часа, а од Саудиска Арабија македонските државјани би продолжиле со авиони. За тоа, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи на граничниот премин врз основа на формално барање од Амбасадата и список на патници.
Сите заинтересирани граѓани треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 или на е-поштата [email protected].
Министерството за надворешни работи веќе ги објави телефоните за итна помош за македонските граѓани на Блискиот Исток.

















