ПРВ.мк

Субвенции до 10.000 денари за инвертер клими

Субвенции до 10.000 денари за инвертер клими
Jumbo Banner

И оваа година Општина Илинден ќе ги субвенционира граѓаните кои ќе купат инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е објавен, а износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 отсто од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, но најмногу 10.000 денари по производ.

Целта на повикот, како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски е да се стимулираат граѓаните односно домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Од Илинден соопштуваат дека барањата на граѓаните ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денеска , 7 април,  па сѐ до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на општинаската официјална веб страница.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран