ПРВ.мк

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата во Македонија
Jumbo Banner

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), од 13 мај 2025 година цените на нафтените деривати се менуваат, со просечно намалување од 0,21 % во однос на одлуката донесена на 5 мај 2025 година.

Новите максимални малопродажни цени, кои стапуваат на сила од 00:01 часот на 13 мај, се следните:

ЕУРОСУПЕР БС–95: 73,50 денари/литар (зголемување од 0,50 денари)

ЕУРОСУПЕР БС–98: 75,50 денари/литар (зголемување од 0,50 денари)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 64,50 денари/литар (намалување од 0,50 денари)

Екстра лесно масло за горење (ЕЛ–1): 65,00 денари/литар (без промена)

Мазут М–1 НС: 35,450 денари/килограм (намалување од 0,592 денари)

Овие корекции се направени согласно методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати, при што се земаат предвид движењата на референтните цени на нафтените производи на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран