ПРВ.мк

Ова се државите со најскапо и најевтино гориво: Бензинот во една држава се продава за 1,7 денари, додека во друга за 215 денари по литар

Ова се државите со најскапо и најевтино гориво: Бензинот во една држава се продава за 1,7 денари, додека во друга за 215 денари по литар
Jumbo Banner

Колку чини литар гориво низ светот: Од 215 денари во Хонг Конг до само 1,7 денари во Либија

Цените на горивата драстично се разликуваат од земја до земја – и тоа не е случајно. Економските услови, политичките одлуки и географската положба играат клучна улога во формирањето на цената што граѓаните ја плаќаат на бензинските пумпи.

На самиот врв на листата со најскап бензин се наоѓа Хонг Конг, каде литар ЕУРОСУПЕР 95 чини дури 3,45 евра – тоа се околу 215 денари! Следуваат Исланд со цена од 2,35 евра, Данска (2,21 €), Холандија (2,20 €) и Лихтенштајн (2,14 €).

Причината за овие високи цени најчесто лежи во високите државни даноци, но и во трошоците за увоз и складирање на горивото, особено кај земјите кои немаат сопствена нафта.

Од другата страна на спектарот, нафтата е речиси бесплатна. Во Либија, литар бензин чини само 0,027 евра, што е отприлика 1,7 денари. По неа следат Иран со 0,029 евра и Венецуела каде литар гориво се продава за само 0,035 евра.

Овие ниски цени се резултат на државно субвенционирање и големи домашни резерви на нафта, што им овозможува на овие земји да ја одржуваат цената на бензинот вештачки ниска.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран