ПРВ.мк
Економија

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА БИЗНИС: Шведско-македонската стопанска комора најави инвестиции и партнерства - еве во кој град!

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА БИЗНИС: Шведско-македонската стопанска комора најави инвестиции и партнерства - еве во кој град!
Kristal

Официјалната инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора во Скопје ја означи новата фаза во економската соработка помеѓу двете држави, по нејзиното прво официјално отворање во Стокхолм во октомври годинава. Комората е замислена како динамичен мост за поврзување на компаниите, институциите и идеите од Северна Македонија и Шведска.

Претседателката на комората, Марија Николовска, најави дека клучните активности ќе вклучуваат поддршка на компаниите, олеснување на бизнис соработката, организирање форуми и настани, како и промоција на иновативни и еколошки практики во бизнисот. „Комората е основана со цел да промовира размена, инвестиции, претприемништво и одржлив развој на релациите помеѓу двете држави, како и да ги поддржува бизнис интересите на нашите членки“, рече Николовска. Таа ги повика македонските компании да го истражат шведскиот пазар и шведските компании да го препознаат потенцијалот на Северна Македонија.

Извршниот директор на комората, Самуил Наумовски Викиус, истакна дека членки на комората се компании од различни сектори од двете држави, а целта е заеднички да се понуди знаење, експертиза и мрежа на контакти. Тој најави дека следната година ќе се организира Инвестициски форум во државата, туристичко роад шоу за Северна Македонија и Шведско-македонски бизнис форум, во соработка со владини претставници.

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, ја истакна определбата за интензивирање на билатералната соработка и нагласи дека комората ќе служи како мост за охрабрување на инвестиции, трговски партнерства и поврзување на компаниите со шведскиот пазар. „Ќе им помогне на нашите бизниси да ги искористат придобивките од високите стандарди во Шведска и да се поврзат со една од најиновативните европски економии“, рече Димитровски.

Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, нагласи дека јакнењето на економската соработка ќе биде клучен чекор во 2026 година за натамошна надградба на одличното партнерство меѓу двете држави. „Ние сме меѓу најсилните поддржувачи на вашиот пат за членство во Европската унија. Партнери сме во НАТО, соработка имаме во економијата, инвестициите и размената, и се надеваме дека листата на компании што се дел од комората ќе се зголеми“, истакна амбасадорот.

Тој додаде дека јакнењето на економските врски е тимска работа во која главната улога ја имаат бизнисмените и изрази уверување дека во 2026 година ќе се остварат нови значајни резултати во соработката меѓу двете земји.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape