ПРВ.мк

Мицкоски прогнозира раст меѓу 3,5 и 4 во првиот квартал

Мицкоски прогнозира раст меѓу 3,5 и 4 во првиот квартал
Jumbo Banner

Економски раст, дигитални политики и иновации во економијата, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст е фокусот на овогодинешниот самит „Македонија 2025“, на кој ќе се организираат пет лидерски средби, 14 панели, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. 

Извршната директорка Никица Мојсоска Блажески потенцира дека бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места. 

Во рамки на самитот учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски кој вели дека економијата во Македонија има потенцијал, кој истакна дека уште од првиот ден од преземањето на власта се соочувале со многу предизвици, државата била во слободен пад и им било потребно речиси година дена за стабилизација и веќе се испорачуваат резултати за подобар живот за граѓаните. 

Ова е 14 издание на самитот „ Македонија 2025“ со пет дневна агенда и над 700 гости на кој ќе се зборува за економскиот развој во годините што доаѓаат, вклучување на модерните алатки за олеснување на економските процеси т.е поцесот за дигитализација, Македонија повторно да биде реформски лидер. Неопходно е континуирано инвестирање во инфраструктура а се мисли на коридорите осум, 10 и 11, важни за истокот и југот од светот а со тоа и многу профит за македонската економија. 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран