Турција има намера да отвори нов погон за микрочипови и соларни панели во текот на јули, со вкупна вредност на инвестицијата од над 400 милиони американски долари, пренесе „Хурријет дејли њуз“.
Новиот објект ќе биде сместен во близина на градот Сивас во централниот дел на Турција, а компанијата „Елин Енерџи“, која е предводник на овој потфат, планира со сериското производство на микрочипови и соларни панели да започне кон крајот на 2026 година.
Претседателот на „Елин Енерџи“, Арда Јал, посочи дека намената на овој проект не е само да ги исполни потребите на турската економија за полупроводници и соларни панели, туку и да овозможи континуиран пласман на овие производи во странство, најмногу во САД.
“Нашата идеја е поголемиот дел од ќелиите што ќе се произведуваат во Сивас да бидат наменети за извоз во САД…” изјави Јал, нагласувајќи дека “само за неколку години Турција ќе престане да увезува соларни ќелии и ќе стане нивен извозник”.
“Турција сè уште увезува соларни ќелии, но фабриката што ќе ја отвориме ќе покрие околу 70 проценти од нашите потреби,”