Додека светот спиеше, некој на берзата веќе знаеше што ќе напише Доналд Трамп на својот профил на Truth Social. Светските финансиски гиганти „Financial Times“ и „Bloomberg“ открија неверојатна аномалија: само 15 минути пред претседателот на САД да објави преговори со Иран, „невидливи“ трговци пласираа зделки вредни неверојатни 650 милиони долари!
- 6:49 наутро: Берзата „експлодира“. Се тргува со 6 милиони барели нафта – волумен кој е за 9 пати поголем од вообичаениот просек. Некој агресивно обложува дека цената на нафтата ќе падне.
- 7:04 наутро: Трамп објавува „продуктивни разговори“ со Техеран. Цената на нафтата во момент паѓа за 14% (од 113 на 97 долари).
- Ефектот: Оние кои ги направија зделките во 6:49 часот, за само неколку минути станаа енормно побогати.
Иранскиот врв веднаш излезе со демант – тврдат дека никакви преговори немало и го обвинија Трамп за директна манипулација со пазарите. По ова, цената на нафтата повторно „скокна“, оставајќи ги обичните инвеститори во хаос, додека мистериозните играчи веќе го собраа својот плен.
Брокери со 25-годишно искуство оваа ситуација ја нарекуваат „целосно абнормална“, додека Белата куќа ги отфрла сите обвинувања за инсајдерско тргување како неосновани. Сепак, прашањето останува: Кој точно знаеше што ќе објави Трамп пред тоа да стане јавно?
Едно е сигурно – некој денес слави со стотици милиони долари во џебот, додека глобалната економија се тресе од „Трамп-твитовите“.


















