ПРВ.мк

Макстил реализираше успешен извоз на 12.500 тони коварина – значаен чекор кон заокружување на циркуларната економија

Макстил реализираше успешен извоз на 12.500 тони коварина – значаен чекор кон заокружување на циркуларната економија
Jumbo Banner

– Со успешната реализација на проектот за извоз на индустрискиот копроизвод – коварина, Макстил направи нов исчекор во спроведувањето на концептот на циркуларна економија и одржливо управување со ресурсите. Проектот се одвиваше во периодот од 2 април до 5 мај 2025 година, при што беа извезени 12.500 тони коварина во Европската Унија, конкретно до ArcelorMittal – BMS од Шпанија, најголемата топилница во Европа.

Коварината, која настанува како нуспроизвод при процесот на производство на челик во погоните Челичарница и Валавница, сега е успешно трансформирана во секундарна суровина што ќе се користи при производството на челик од железна руда во високи печки. На овој начин, отпадниот материјал добива нова вредност, наместо да заврши како еколошки товар.

Извозот на индустрискиот отпад претставува значаен чекор во приближувањето на компанијата кон работа со нула отпад, и е во согласност со стратегијата за производство на зелен челик и минимизирање на еколошкиот отпечаток.

Oвој значаен проект од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање беше позитивно оценет, како системски чекор кон почиста и поодржлива иднина.

Макстил ги презема сите потребни чекори за правилно третирање на останатите видови на отпад. За остварување на таа цел потребна е понатамошна поддршка од страна на Министерството за животна средина во поглед на разбирање на потребите за извоз и преработка и на останатите видови на отпад, како на пример троската и филтер прашината, кои исто како и коварината се третирани согласно принципите на концептот за циркуларна економија.

Макстил уште еднаш го потврдува својот статус на лидер во одговорно индустриско работење и покажува дека патот до еколошка одржливост е можен – кога отпадот станува ресурс, има значајна придобивка за сите граѓани.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран