ПРВ.мк

Граѓаните сè повеќе штедат во денари – заштедите достигнуваат речиси 3,5 милијарди евра

Граѓаните сè повеќе штедат во денари – заштедите достигнуваат речиси 3,5 милијарди евра
Jumbo Banner

Банките натежнале од пари на фирмите и граѓаните. Ова го покажува најновиот извештај на Народна банка на Македонија за февруари оваа година, објавени на веб страната на таа институција. 

На крајот на вториот месец од годинава, во домашните банки се чувале 9,78 милијарди евра пари на граѓаните и на компаниите. Тоа се вкупните депозити на корпоративниот сектор и на населението заклучно со февруари, што покажува дека вкупната депозитна база на нашите банки се доближува до 10 милијарди евра.

А, во однос на еден месец претходно, кај вкупните депозити има раст од 41 милиони евра.

Но, за анализа е многу поинтересна состојбата на штедните влогови, односно депозитите на населението. 

Тие говорат дека граѓаните во земјава и натаму преферираат да штедат во банка, бидејќи на нив отпаѓа најголемиот дел од месечниот февруарски раст на вкупните влогови, додека, пак, кај депозитите на компаниите, има дури и благо намалување на сумата во февруари.

На крајот на февруари годинава граѓаните во банка чувале вкупна сума од 6,517 милијарди евра. Оваа бројка се движи со голема брзина, бидејќи не така одамна пишувавме дека граѓанските депозити се доближуваат до психолошката граница од 5 милијарди евра, а сега веќе тие го надминаа вкупниот износ од 6,5 милијари евра. Еден месец, претходно, пак, во јануари, граѓаните во банка чувале вкупно 6,468 милијарди евра. Тоа значи дека само во февруари растот на граѓанските депозити изнесува 49 милиони евра, откако пораст имало и во јануари во однос на крајот од претходната година.

Значи, наспроти акциите, обврзниците, крипто валутите и слични можности за инвестирање, вложувањето пари во банка продолжува да биде еден од најсаканите начини за инвестирање на слободните пари на граѓаните. 

А, пари во банките вложуваат и инвестициските фондови, како начин за дисперзија на ризикот наспроти малку „похрабрите“ и понеизвесни инвестиции.

Она што исто така радува, тоа е дека расте вложувањето на домаќинствата во домашната валута. Тие во февруари опасно се доближиле до прагот од 3,5 милијарди евра, или прецизно, биле на ниво од 3,498 милијарди евра. Во однос на јануари растот е за дури 42 милионои евра, што значи дека овој раст на денарските депозити го сочинува клучниот дел од зголемувањето на вкупните „домаќински“ штедни влогови.

Една од причините за многу побрзиот раст на денарското штедење е фактот што кај него се многу поатрактивни каматните стапки, наспроти оние што банките ги исплаќаат на девизните депозити.

Граѓанските заштеди во евра, пак, во јануари веќе го надминале психолошкиот праг од три милијарди евра. Или, ако на крајот на декември лани штедните влогови на домаќинствата во странска валута изнесувале 2,998 милијарди евра, тие во јануари се искачиле на 3,012 милијарди денари, а во февруари дошле до 3,019 милијарди, што е скромен месечен раст од 7 милиони евра.

Извор: faktor.mk

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран