ПРВ.мк

Благ раст на доларот, нафтата поевтини, златото блиску рекордното ниво

Благ раст на доларот, нафтата поевтини, златото блиску рекордното ниво
VERO Banner

На девизните пазари, индексот на американскиот долар, кој ги искажува перформансите на американскиот долар во однос на кошницата од шест главни валути, благо порасна, за 0,1 отсто, на 103,39 поени, откако во вторникот го допре најниското ниво во последните пет месеци од 103,19 поени.

Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија. Политичката одлука на Fed подоцна во текот на денот ќе биде клучна за инвеститорите кои сакаат да знаат што мисли централната банка за политиките на Трамп и нивното влијание врз американската економија, и како тоа ќе се одрази на изгледите за каматните стапки.

Се очекува Fed да ги задржи стапките на сегашното ниво, а учесниците на пазарот сметаат на намалување на каматните стапки во САД за речиси 60 базични поени до крајот на годината.

Курсот на еврото претпладнево се движи околу 1,0934 долари, што е блиску до вчерашното највисоко ниво во последните пет месеци од 1,0955 долари. Инвеститорите ја купуваат европската валута, оптимисти за одлуката на германскиот парламент да го отстрани лимитот за задолжување и да создаде инфраструктурен инвестициски фонд од 500 милијарди евра, верувајќи дека тоа ќе го поттикне економскиот раст на земјата.

„Ова е историска промена во фискалниот режим, веројатно најголема од обединувањето на Германија. Сепак, како и со обединувањето, фискалната експанзија не гарантира успех: новата влада ќе мора да спроведе структурни реформи за да го претвори овој фискален пакет во одржлив раст“, ​​вели Робин Винклер, главен германски економист во „Deutsche Bank Research“.

Курсот на јенот, пак, ослабе за 0,45 отсто во однос на доларот, на 149,72 јени, откако Bank of Japan (BoЈ), како што се очекуваше, ги остави каматните стапки непроменети. ВоЈ ја задржа својата краткорочна каматна стапка на 0,5 отсто во средата, нагласувајќи дека сака повеќе време да процени како растечките глобални економски ризици од повисоките американски царини можат да влијаат на кревкото закрепнување на Јапонија.

На нафтените пазари цената на барелот сурова нафта од типот Brent падна за 0,24 отсто на 70,39 долари, а WTI на американскиот пазар за 0,2 отсто на 66,75 долари.

Цената на златото, пак, изнесува 3.029 долари за унца, што е блиску до историски рекорд, бидејќи геополитичките тензии ги поттикнуваат инвеститорите да инвестираат капитал во безбедни засолништа.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран