ПРВ.мк
Економија

Фискална или попуст: Практиката што ја одржува сивата економија во живот

Фискална или попуст: Практиката што ја одржува сивата економија во живот
Kristal

Сивата економија и натаму останува една од најголемите слабости на македонскиот систем, а готовинските плаќања се меѓу главните канали преку кои се прикрива реалниот промет и се избегнува плаќање даноци. Според ММФ, сивата економија во земјава е околу 30 проценти од БДП, што значи сериозен удар врз буџетските приходи и фер-конкуренцијата на пазарот.

Иако електронските плаќања во Северна Македонија растат, кешот и понатаму има силна улога во секојдневните трансакции. Народната банка објави дека плаќањата со картички и дигиталните канали бележат континуиран раст, но истовремено продолжуваат и иницијативите за подобар пристап до готовина, што покажува дека кешот и натаму е длабоко вкоренет во економијата.

Токму таму, според експертите, лежи суштината на проблемот. Не станува збор само за мали трговци што не издаваат фискална сметка, туку за многу поширок систем во кој готовинските плаќања овозможуваат дел од прометот да остане невидлив. Таквата пракса создава простор за нелојална конкуренција, помали даночни приходи и исплата на дел од платите надвор од формалните текови.

Дополнителен проблем е што дел од бизнисите и натаму имаат интерес да форсираат плаќање во кеш, особено кога сакаат да понудат „попуст без фискална“. Во меѓувреме, државата се обидува да го намали овој простор преку мерки за дигитализација на даночната администрација и поттикнување безготовински плаќања, но бројките покажуваат дека борбата со сивата економија сè уште е далеку од завршена.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo