ПРВ.мк
Економија

Пристигнува покачиувањето на минималната плата - еве колку ќе изнесува од Март!

Пристигнува покачиувањето на минималната плата - еве колку ќе изнесува од Март!
Kristal

Според пресметките на „Пари“, минималната нето-плата за март 2026 година ќе изнесува 26.046 денари, што е за 1.667 денари повеќе од сегашните 24.379 денари.

Како се пресметува новата минимална плата

Законот за минимална плата предвидува усогласување според:

  • 50% од порастот на просечната нето-плата во Северна Македонија за претходната година;
  • 50% од порастот на индексот на трошоците за живот за претходната година.

Државниот завод за статистика објави дека:

  • Просечната бруто-плата во 2025 година изнесувала 67.951 денар, што е зголемување од 9,62% во однос на 2024 година (61.984 денари).
  • Инфлацијата за 2025 година изнесува 4,1%.

Примената на законската формула доведува до новата минимална плата од 26.046 денари нето.

Бруто-плата

Во бруто-износ, минималната плата ќе се зголеми од 36.037 денари на 38.507 денари, односно за 2.470 денари.

Синдикална перспектива

Сојузот на синдикати продолжува да бара:

  • минимална плата од најмалку 600 евра;
  • раст на сите плати за најмалку 6.000 денари.

Синдикалната минимална кошничка за февруари 2026 година изнесува 67.382 денари, што е за 969 денари повеќе од јануари. Според ССМ, најавеното усогласување на минималната плата во март е веќе делумно изедено од растот на синдикалната кошничка.

Официјалните бројки ќе бидат потврдени од Министерството за труд и социјална политика, додека пресметките на „Пари“ се направени со помош на онлајн конвертор за бруто–нето плата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape